Добредојдовте во SL CLUB ONLINE КАЗИНО!
НАЧИНИ НА УПЛАТА НА ДЕПОЗИТ НА ВАШАТА СМЕТКА
ОПШТИ УСЛОВИ И ПОЛИТИКА НА УПЛАТИ ПРЕКУ Е-ТРГОВИЈА
Минимален износ за уплата е 300 денари.
На Евиденциската сметка на играчот средства можат да се уплатат на следните начини:
• Преку електронска картичка (VISA/MASTERCARD) - трансфер на средства веднаш
• Преку електронско банкарство (налог ПП-30)
• Преку директна уплата на сметка во банка/пошта (налог ПП-10)
- Трансакциска сметка: 210-0730985602-62
Уплата на депозит со електронска картичка (VISA/MASTER CARD)
Најавете се со вашето корисничко име и лозинка на страницата slclub.com.mk (1). По успешната најава (2), ќе имате пристап до вашиот кориснички профил. Кликнете на иконата „Тековна состојба“ (3). Ќе се отвори друг прозорец, „Уплати депозит“ (4), внесете го саканиот износ за уплата, изберете „Visa/Master Card“ и кликнете на копчето „ДЕПОЗИТ“. На следниот прозорец (5) внесете ги името и презимето како што се наведени на платежната картичка, бројот на платежната картичка, CVV бројот од задната страна на платежната картичка, рокот на важење на платежната картичка и e-mail адресата која е поврзана со вашиот профил на slclub.com.mk. Со клик на „ПОТВРДИ“, ќе ви се отвори нов прозорец (6) за потврда на плаќањето. По извршената уплата, износот ќе биде прикажан во полето „Тековна состојба“ (3).
Уплата на депозит преку електронско банкарство (налог ПП-30)
Директна уплата на депозит во банка/пошта (налог ПП-10)
Напомена: Обработката на уплатата може да зависи од банката или поштата, најчесто се реализира во текот на денот, најдоцна за 24 работни часа. Сите уплати во сабота ќе бидат примени за обработка во понеделник.
РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВ КОРИСНИК - РЕГИСТРИРАЈ СЕ
На следната страница пополнете ги бараните податоци и ќе креирате корисничка сметка (1). По ова, треба да се најавите со корисничкото име и лозинка кои сте ги одбрале (2), по што ќе имате пристап до вашиот кориснички профил (3). Со клик на иконата „Тековна состојба“ (4) ќе се отвори полето „ДЕПОЗИТ“ (5) во кое можете да ја внесете саканата сума и ќе добиете приказ на уплатница на кој го има референтниот број (6) кој треба да го внесете како повикувачки број при уплата на средства преку e-banking, во банка или во пошта.
КАКО ДА ЈА ЗАПОЧНАМ ИГРАТА?
(ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА ЗА ИГРАЊЕ)
Префрлање на средства од Евиденциска сметка кон Сметка за играње
Најавете се со вашето корисничко име и лозинка на страницата slclub.com.mk (1). По успешната најава (2), ќе имате пристап до вашиот кориснички профил. Кликнете на иконата „Тековна состојба“ (3) каде се прикажани средствата кои ги имате уплатено. Ќе се отвори нов прозорец „Трансфер на средства“ (4). Тука можете да видите колку средства имате на Евиденциската сметка, а колку на Сметката за играње. Внесете ја саканата сума која сакате да ја префрлите од Евиденциската сметка на Сметката за играње и кликнете на копчето „Префрли на сметка за играње“. Префрлените средства ќе ви бидат достапни за играње и тоа ќе биде прикажано на вашиот профил (5).
Префрлање на средства од Сметка за играње кон Евиденциска сметка
Ако сакате да побарате исплата на средствата, кликнете на „Тековна состојба“ (5), и на прозорецот „Трансфер на средства“ (6) кликнете на копчето „Повлечи на евиденциска“. Ќе се отвори нов прозорец за потврда (7). Доколку кликнете „Да“, по трансферот на средствата новата состојба ќе биде прикажана покрај вашето Корисничко име (8). Увид во трансакциите на Евиденциската сметка имате во вашиот Профил на линкот „ЕВИДЕНЦИСКА СМЕТКА“ (9). НАПОМЕНА: Секогаш се префрла цела сума од Сметката за играње.
Добивките од евентуални Џек-пот премии, добивки од турнири во играње и слично, кои се понудени од страна на Приредувачот, веднаш се оданочуваат и директно се префрлаат на Евиденциската сметка на играчот, намалени за висината на персонален данок согласно Законот за личен доход.
Средствата на играчот можат да останат на Сметката за играње и тој нема обврска да ги повлече на Евиденциска сметка доколку не сака. По 12 часа од последната активност или играчка сесија на клиентот, средствата автоматски ќе му се повлечат од Сметката за играње кон Евиденциската сметка.
КАКО ДА ИГРАМ?
Откако ќе префрлите средства од вашата Евиденциска средства на Сметката за играње, кликнете на линкот „КАЗИНО“ (1) со што влегувате во лобито со игри. Лобито (2) е организирано со повеќе филтри (сите игри [A], по категории [Б], по провајдер [В]) и линкови (нови игри [Г], по популарност [Д], по тип на игри [Ѓ], сите игри [Е]).
Со клик на сликата на саканата игра (3), добивате две опции: „ИГРАЈ ЗА ДОБИВКА“ и „ИГРАЈ ЗА ЗАБАВА“. Со првата опција одбирате игра за добивка, по што ќе се вчита нов екран на кој е прикажана играта (4). Со копчето [4A] почнувате да играте, додека со клик на копчето [4Б] бирате опции за уплата по спин, број на линии, избор на карти и/или слично и со мануелно или автоматско играње (*). Со втората опција можете да ја пробате играта и да играте за виртуелна добивка.
* Приказот за изборот за копчето за игра и копчето за опции може да биде различно за различни игри.
По завршувањето на одредена игра
(5), со копчето „<-“ или „Назад“ играчот се враќа во главното лоби на КАЗИНО страницата
(2) и може да избере друга игра.
ИСПЛАТА НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НА ИГРАЧОТ
Исплатата на трансакциската сметка се врши исклучиво од расположливите средства кои играчот ги има на Евиденциската сметка.
Доколку сакате да извршите исплата од вашата сметка потребно е да направите резервација со тоа што ќе изберете износ и средствата ќе бидат префрлени преку банка на вашата трансакциска сметка, односно на кредитната или дебитна картичка најдоцна до 5 (пет) работни дена од денот на приемот на барањето.
Паричните средства кои ќе се префрлат на вашата трансакциска сметка не подлежат на дополнителни оданочувања од државата.
КАКО ДА НАПРАВАМ ИСПЛАТА?
Откако ќе ги префрлите средствата од Сметката за играње на Евиденциската сметка, кликнете на линкот „ИСПЛАТА“ (1). На следниот прозорец имате увид во средствата на вашата Евиденциска сметка [A]. Во полето [Б] внесетe ја сумата која сакате да ви биде исплатена и кликнете на копчето „ИСПЛАТИ“ [В]. Во новиот прозорец (3) во полето [A] внесете го бројот на вашата трансакциска сметка и кликнете на копчето „ИСПЛАТИ“ [Б]. Ќе добиете потврда за успешната трансакција (4), по што ќе биде освежена и состојбата на вашата Евиденциска сметка (5).
Доколку е потребно дополнително објаснување, Регистрираниот корисник може да се јави на бројот: 077 728 333 (од понеделник до петок - 9:00-21:00 часот и сабота - 09:00-16:00 часот), Секој ден 21 - 01 h (комуникација преку пораки на нашата страница) или да прати мејл на: support@slclub.com.mk