Создавање на совршени услови за сите вработени, среќни и задоволни вработени е главна цел на нашите вработени од секторот за човечки ресурси. Ги цениме нашите вработени, убедени сме дека тим од стручни, посветени и високо мотивирани кадри се клучот за успешно работење на компанијата.
Вработување
Спорт-Лаиф Гејминг Скопје – SL Club нуди работни позиции во високо мотивирачка и здрава работна атмосфера во средина во која владее тимска соработка и можноста за напредување и лично усовршување
Вработувањето на најдобрите кадри е наш приоритет – ова започнува со процесот на регрутирање, запознавање со нашите кандидати и детално објаснување на сите придобивки од работењето во компанијата.
За вас подготвивме посебен формулар за брза апликација преку која можете да споделите со нас информации за вашите досегашни успеси, вештини и интереси, а од нашиот сектор за човечки ресурси ќе бидете контактирани во најкратко време, со цел запознавање со условите за работната позиција за којашто аплицирате.
Ве охрабруваме да го пополните формуларот и да станете дел од нашата компанија, искуството не е пресудно, она што не го знаете – ние ќе ве научиме!
ВРАБОТУВАМЕ ОПЕРАТОРИ
Местото за работа се определува по договор со секој кандидат, согласно моменталните потреби на компанијата и/или местото на живеење на кандидатот.
Нудиме:
- Одлични услови за работа и позитивно опкружување
- Безбедна и пријатна работна средина
- Обуки и усовршување на вашите знаења
- Плата од 27.000 до 33.000 денари + бонуси и награди
- Можност за напредување во кариерата
- Бенефити за наши вработени
Потребни квалификации и личен профил:
- Способност за работа во тим
- Одговорност и посветеност
- Основно познавање на компјутери