Корисничко име Лозинка Пријави се

ОПШТИ УСЛОВИ И ПОЛИТИКА НА УПЛАТИ ПРЕКУ Е-ТРГОВИЈА

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со општите услови за уплата на евиденциска сметка на регистрирани корисници за учество во интернет игри на среќа преку платежни картички (во понатамошниот текст: Општи услови), се утврдуваат условите по кои заинтересираното лице (во понатамошниот текст: Регистриран корисник) може преку интернет да изврши уплата на својата евиденциска сметка (во понатамошниот текст: Евиденциска сметка) која ја има отворено на интернет страницата www.slclub.com.mk на компанијата СПОРТ-ЛАИФ ГЕЈМИНГ ДОО (во понатамошниот текст: SL Club), по пат на платежна картичка. SL Club го задржува правото во корелација со својата деловна политика, односно со промени на понудата и/или позитивните законски прописи да изврши промена на овие Општи услови, за што благовремено ќе го извести Учесникот на својата интернет страница.

 

ИЗНОС НА УПЛАТА

Износот на уплатата на евиденциска сметка на Регистрираниот корисник е изразена во денари (МКД).

 

НАЧИН НА УПЛАТА

Регистрираниот корисник врши уплата на евиденциската сметка по пат на електронска платежна картичка. Плаќањето е овозможено со картичките на VISA, MasterCard, Maestro.

Уплатата на Евиденциска сметка се дозволени само од картички издадени на име на Регистрираниот корисник.

 

РЕКЛАМАЦИИ

Сите рекламации за извршената уплата на својата евиденциска сметка Регистрираниот корисник може да ги прати на бројот на службата за корисничка поддршка на SL Club (+38977728333) или преку адресата support@slclub.com.mk (во понатамошниот текст: Корисничка поддршка). Доколку Регистрираниот корисник извршил уплата на Евиденциската сметка и добил потврдна порака преку е-пошта, а износот на Евиденциската сметка не му се зголемил, потребно е да го контактира сервисот за Корисничка поддршка со ID на трансакцијата како би се овозможило рачно коригирање на износот на својата Евиденциска сметка.

Доколку Регистрираниот корисник извршил успешна уплата на својата Евиденциска сметка и добил потврдна порака или е-пошта за уплатата и Евиденциската сметка му се зголемила за истиот износ, SL Club не може да изврши поврат на уплатените средства.

Доколку дојде до прекин на интернет конекцијата во текот на плаќањето, а Регистрираниот Корисник добил потврден порака/е-пошта за успешно извршена уплата и не знае дали износот е пренесен на неговата Евиденциска сметка или не, потребно е да го контактира сервисот за Корисничка поддршка на SL Club.

Во случај на неуспешна уплата на средства на Евиденциска сметка на Регистриран корисник или било која друга причина која е заснована на Закон или Правила на игра и поврат на средства на Регистриран корисник кои претходно ги уплатил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без обѕир на причината на враќање на средства, SL Club има обврска поврат на средства да врши исклучиво преку VISA/MasterCard методите на плаќање, што значи дека Банката на барање на SL Club ќе изврши поврат на средствата на трансакциска сметка на корисникот на платежната картичка.

 

ОГРАНИЧЕНИ ОДГОВОРНОСТИ

SL Club во потполност се оградува од било каква одговорност за можна штета кај Регистрираниот корисник и/или трети лица која е причинета од неавторизиран пристап или неовластено користење на платежната картичка, односно било која злоупотреба на истата (украдена платежна картичка, користење на платежна картичка без знаење на сопственикот на истата и слично) и во наведениот случај SL Club нема да изврши поврат на уплатени средства. SL Club не е одговорен за евентуален прекин на интернет конекција или недостапност на процесорот на платежните картички.

 

ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРАНСАКЦИЈА

При внес на податоци од платежна картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со употреба на SSL протокол и PKI систем, како моментно најсовремени криптографски технологии. Сигурноста на податоците при уплата ги гарантира процесорот на платежните картички, НЛБ Банка АД Скопје (во понатамошниот тек: Банка), така што целиот процес на наплата се одвива на страницата на Банката. Во ниту еден момент податоците за платежната картичка не се достапни за системот на SL Club.

Во име на SL Club се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши Регистрирани корисници, односно интернет играчи на игри на среќа. Собираме исклучиво само неопходни, основни податоци за Регистрираните корисници, односно податоци кои се неопходни за редовно работење и информирање на корисниците во согласност со добри деловни политики, законски одредби од Законот за игри на среќа и во цел на давање на квалитетна услуга кон клиентите. Им се два можност и избор на клиентите да одлучат дали сакаат или не да бидат избришани од списокот на адреси на е-пошта која се користи за маркетиншки кампањи. Сите податоци за корисниците/клиентите строго се чуваат и се достапни само на вработени лица кои имаат нужна потреба за вршење на својата работа. Сите вработени на SL Club (и деловните партнери) се одговорни за почитување на начелото за заштита на приватноста.

Сигурноста на податоците во тек на уплатата на средства ја гарантира процесорот на платежните картички. За VISA, MasterCard, процесор на платежни картички е НЛБ Банка АД Скопје, така што комплетниот процес на наплата се одвива на страниците на банката. Во ниту еден момент податоците од платежната картичка не се достапни на системот на SL Club, со што SL Club не сноси одговорност за евентуална злоупотреба на истите.

 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА РЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ

SL Club ќе обезбеди заштита на личните податоци на субјектите согласно со законската и подзаконската регулатива за заштита на личните податоци и ќе преземе соодветни административни, технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

 

ПРАВИЛА ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА ПРЕКУ ВЕБ АПЛИКАЦИЈА И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

За сите прашања кои не се регулирани со овие Општи одредби, се применуваат Правилата за приредување на интернет игри на среќа преку веб апликација и мобилна апликација.

 

Доколку е потребно дополнително објаснување, Регистрираниот корисник може да се јави на бројот: 077 728 333 (од понеделник до петок - 9:00-21:00 часот и сабота - 09:00-16:00 часот) или да прати е-пошта на: support@slclub.com.mk