Правила за одговорна игра и можности
Игрите на среќа претставуваа, пред сè, вид на забава. Тоа е начин како да го пополните дел од своето слободно време, да се релаксирате, да се забавувате, внесувајќи дополнителен адреналин. Исто така, тоа е начин на следење на статистички операции и едноставна вежба на мозокот и перцепцијата на низа настани.
Но, при учество во игрите на среќа морате да имате своја лична граница, момент кога треба да престанете или да направите пауза. Кога се обложувате или играте на останати игри на среќа, немојте да ја преминете таа граница. Немојте никогаш да преминете преку сопствениот финансискиот праг предвиден за забава!
Исто така, немојте да имате неумерени очекувања во врска со финансиската добивка со која можете да се стекнете во игрите на среќа. Игрите на среќа треба и мора да бидат само забава, а не начин на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување.
Запомнете: Игрите на среќа се наменети исклучиво за забава. Треба да се знае кога да се престане и да се биде свесен кога играњето почнува да преоѓа во нешто друго и поопасно. Не чекајте проблемот да се влоши. Веднаш побарајте помош.
Доколку имате потреба, можете да ја ограничите висината на уплатените суми во игрите на среќа, така што ќе го контактирате SL CLUB – сервисот за корисничка поддршка преку е-пошта: support@slclub.com.mk или на телефонскиот број: +389 77 728 333. Ние ќе ви објасниме.
На располагање ќе ви бидат следниве можности:
- На одредено време можете да ги ограничите максималните износи на кои се обложувате
- На одредено време можете да ги ограничите и влоговите во случај на загуба (максимална загуба)
- Може да ја ограничите уплатата која ја вложувате за сингл натпревар
- На неодредено или на одредено време можете да ја блокирате вашата корисничка сметка
Ве молиме да обрнете внимание дека измените на ограничувањата на висините на уплатите се можни дури по истекот на една недела од поставувањето на истите, освен доколку сакате да го продолжите времетраењето за блокада на вашата сметка или да ги ограничите уплатите на помала вредност. Тие измени исто така можете да ги потврдите така што ќе го контактирате SL CLUB – сервисот за корисничка поддршка преку е-пошта: support@slclub.com.mk или на телефонскиот број: +389 77 728 333.
Доколку увидите дека сте играле доволно долго, но сепак, и понатаму имате желба за понатамошно играње, компанијата SL CLUB ви ја нуди следната можност:
- Пауза (блокада) на вашата корисничка сметка од најмалку 7 дена додека се смират страстите
- Блокада на сопствената корисничка сметка во времетраење од најмалку 6 месеци
Доколку изберете една од овие две можности, за тоа времетраење нема да можете да се пријавувате на својата обложувачка корисничка сметка.
Забрана за учество во игри на среќа за малолетни лица
SL CLUB како компанија е максимално посветена кон обезбедување на максимално задоволство на своите корисници во игрите на среќа. За мнозинството од луѓе обложувањето и играњето е забавно рекреативно доживување. Сепак обложувањето за многу мал број лица може да биде проблем и да престане да биде забава, а особено за малолетни лица. Пристапот кон игрите на среќа е задолжително само за лица кои навршиле 18+ години. Се преземаат и применуваат сите мерки за превенција и заштита на младите лица и нивен забранет пристап кон игрите на среќа на овој сајт.
Митови за проблематично обложување
Повеќето лица кои рекреативно играат игри на среќа ретко можат да станат зависници. Тие консумираат игри на среќа само понекогаш, никогаш не губат повеќе од неколку илјади денари и се однесуваат одговорно.
Меѓутоа, многу лица не се свесни дека нивните играчки навики може да прераснат во зависност, се додека не е премногу доцна. Иако во светски рамки процентот на зависници од игри на среќа е на многу ниско ниво, сепак тоа е појава која мора да се третира внимателно и со должна почит и истиот процент да се намали колку што е можно повеќе. Од случаите на луѓето кај кои е докажано неконтролирано играње на игри на среќа, односно проблем со коцкање, праксата покажала дека само мал дел од нив бараат проблем во облик на советување или програма за самопомош. Проблемот е во навремено детектирањето на појавата на зависност.
Мошне важно е да се разбере дека поголемиот број луѓе може да ги играат игрите на среќа без негативни последици. Меѓутоа мал процент од нив, развиваат огромни економски, семејни, социјални и психолошки проблеми поради проблематичното учество во игри на среќа. Последиците достигнуваат подалеку од самиот поединец кој ја развил зависност и се протегаат на семејството, пријателите, соработниците и заедницата на играчот.
Разоткривањето на одредените митови може да ја зголеми свесноста и да помогне да се зголеми бројот на зависници од игри на среќа кои ќе ја добијат потребната помош:
Митови за одговорна игра
Мит: Играчите со проблем на зависност од коцка се едноставно неодговорни, всушност може да престанат да се коцкаат кога ќе посакаат.
Факт: Често се верува дека лицата кои имаат проблем со зависности се едноставно неодговорни и со слаба волја. Но, секој може да стане зависник од игри на среќа, без разлика колку и да е одговорна личност. Всушност, дури и луѓе кои имаат долгорочно одговорно однесување можат да развијат зависност од игри на среќа. Еднаш откако ќе бидат понесени од нивната зависност, зависниците не се во можност да ја задржат контролата над својата игра, па нивните постапки стануваат неодговорни со цел да ја нахранат зависноста.
Мит: Коцкањето всушност не е проблем доколку играчите можат финансиски да си го дозволат.
Факт: Само затоа што луѓето имаат пари за трошење, не значи дека нивното однесување не е проблематично. Неумереното учество во игрите на среќа не е само финансиско прашање. Компулсивното играње на среќа влијае на сите сегменти од животот на зависникот, вклучувајќи ја работата и кариерата, пријателите, семејството, па и многу повеќе од тоа. Самото играње е суштината на проблемот, не само финансиските последици од таквото однесување.
Мит: Зависниците својата потреба а игра ја задоволуваат со било која игра (се обложуваат на се и сешто).
Факт: Поголемиот број на проблематични или патолошки учесници во игри на среќа имаат омилена игра, преферираат одреден вид на игра, и таа во суштина им предизвикува проблем. Други видови игри може воопшто да не им предизвикаат внимание. На пример, лице кое обожува да игра на слот апарат, воопшто не го интересира спортско обложување итн...
Мит: Зависноста од игри на среќа не ги погодува децата.
Факт: Ако постои претпоставен процент на возрасни со развиени проблеми на зависности од игри на среќа, процентот на адолесцентите со овој проблем веројатно е двојно поголем. Малолетниците имаат недоволно развиена самоконтрола и се поподложни на развој на секакви видови зависности.
Мит: Проблематичното и патолошко обложување лесно се препознава.
Факт: Во споредба со зависностите од наркотици и алкохол, зависноста од игри на среќа има многу помалку видливи симптоми. На зависниците им е полесно да го сокријат своето однесување, особено во случај на он-лајн обложувањето.
Извор: G4, The Global Gambling Guidance Group
Самоевалуација за проблематично учество во игри на среќа
Ако сте загрижени дека учеството во игри на среќа го презело текот на вашиот или нечиј друг живот, поставете си ги следните 20 прашања:
- Дали некогаш сте изостанале од работа, факултет или сте ги запоставиле своите обврски поради играње игри на среќа?
- Дали играњето игри на среќа влијаело на Вашиот семеен живот?
- Дали играњето игри на среќа лошо влијаело на Вашиот углед во општеството?
- Дали некогаш сте почувствувале грижа на совест по играње игри на среќа?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа за да ги отплатите долговите или да ги решите финансиските тешкотии?
- Дали играњето игри на среќа влијаело на Вашите амбиции или ефикасност?
- Дали по загубата сте почувствувале дека мора да го вратите изгубениот износ?
- Дали по добивката, имате силна потреба уште да освојувате?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа се додека не сте го потрошиле и последниот денар?
- Дали некога сте позајмиле пари за игри на среќа?
- Дали некогаш сте продале нешто за да имате пари за играње игри на среќа?
- Дали парите од добивката или оние наменети за игри на среќа со тешко срце го користите за вообичаените животни трошоци?
- Дали станавте невнимателни поради игрите на среќа па ја запоставивте својата или благосостојбата на Вашето семејство?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа подолго од планираното?
- Дали игрите на среќа ви преставуваат обид за бегство од грижи, тешкотии, досада или осаменост?
- Дали некогаш сте размислувале или сте направиле некоја противзаконска работа за да присоберете пари за игрите на среќа?
- Дали некогаш игрите на среќа Ви предизвикале тешкотии со спиење или несоница?
- Дали играњето на игри на среќа предизвикуваат караници, разочарувања или фрустрации кај Вас?
- Дали по некој среќен настан имате ли потреба да се почестите со неколку часа играње игри на среќа?
- Дали сте помислиле на самоубиство поради проблемите кои ги предизвикало Вашето играње игри на среќа?
Соберете ги одговорите со: ДА.
Колку повеќе потврдни одговори имате, толку е поверојатно дека имате проблем со учество во игрите на среќа.
Запомнете ги следните работи
Водете сметка за времето поминато во игра. Игрите на среќа треба да бидат забава, не да го сметате за начин на заработување на пари. Потрошете го само тоа што сте спремни да го изгубите, немојте да ја бркате добивката. Сите игри на среќа се дизајнирани да обезбедат предност за приредувачот. Добивката е резултат исклучиво на вашата среќа. Не постојат шеми на игра кои гарантираат добивка за учесникот. Ако сте родител, чувајте ја вашата лозинка на безбедно, а можете да користете и софтвер за да го блокирате пристапот на страните за обложување на вашите малолетни деца.
Барање помош за можна развиена зависност е логичен избор на личноста која е во индискретна ситуација предизвикана од компулсивна игра. Разговорот со стручен кадар помага и го насочува поединецот да го реши проблемот. Советувањето во Република Северна Македонија е бесплатно. На ваше располагање се достапни стручни лица кои можете да ги контактирате на следните адреси и телефонски броеви за помош:
Работно советувалиште: Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје
Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот
Телефон: 02/3 165 542 од понеделник до четврток од 15:00 до 18:00 часот
Вторник, среда и четврток од 14:30 до 16:30 часот во Даре Џамбаз, соба бр.14
Може да се обратите и до светски признаени организации чија експертиза е превенција, помош и борба против зависности:
GamCare 1st Floor, CAN Mezzanine Old Street, 49 - 51 East Road, London, N1 6AH Телефон: + 44 020 7801 7000 СОС линија: 0808 8020 133 (10.00 – 22.00 7 дена неделно) www.gamcare.org.uk Е-пошта: info@gamcare.org.uk
Gamblers Anonymous International Service Office P.O. Box 17173 Los Angeles, CA 90017 Телефон: +1 (626) 960-3500 Факс:+1 (626) 960-3501 www.gamblersanonymous.org Е-пошта: isomain@gamblersanonymous.org
Ве молиме, контактирајте нè преку е-пошта на: support@sportlife.com.mk, за сите прашања поврзани околу поставувањата за одговорнaта игра