Корисничко име Лозинка Пријави се

Врз основа на член 4 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и за забавните игри за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.108/2020), Управителот на друштвото за промет и услуги СПОРТ-ЛАИФ ГЕЈМИНГ ДОО Скопје на ден 09.06.2020 година ги донесе следните:

 

ПРАВИЛА ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА ПРЕКУ ВЕБ АПЛИКАЦИЈА И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА ПРИРЕДУВАЧ НА ПОСЕБНИ ИГРИ НА СРЕЌА ВО АВТОМАТ КЛУБ

 

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овие Правила се утврдува правното лице кое ги организира/приредува интернет игрите на среќа во автомат клуб, алатките за приредување (игри компатибилни за автомат клуб), правила кои ќе се применуваат на интернет игрите на среќа, начинот и постапката на приредувањето на интернет игри на среќа, а особено начинот на регистрација на играчите за интернет игрите на среќа, доказот за извршена уплата и доказот за исплата, начинот на уплата за интернет игрите на среќа, начинот на исплата и повлекување на средствата, заштитата на правата на приредувачот и учесниците во интернет играта на среќа.

Организатор /приредувач на интернет игри на среќа во автомат-клуб е правниот субјект:

ДПУ СПОРТ-ЛАИФ ГЕЈМИНГ ДОО Скопје, со седиште на ул. Борис Трајковски бр.198А-Скопје со ЕМБС 7309856  и ЕДБ 4058018530956 со Лиценца за приредување на посебна игра на среќа во автомат клуб бр.45-3044/1 од 21.05.2019 година издадена од Владата на Република Северна Македонија.

Организаторот/приредувачот ги приредува интернет игрите на среќа преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација на приредувачот на интернет игри на среќа кои претставуваат игри на среќа за автомат клуб.

Овие правила како и Правилата на игри на среќа во автомат клуб донесени од организаторот на ден 12.03.2019 година, а одобрени од страна на Министерството за финансии претставуваат општи услови за склучување на договор за учество во сите видови и типови на интернет игри на среќа кај организаторот и ги обврзуваат и организаторот и учесникот и тие се должни во целост да ги почитуваат.

 

Член 2
Во интернет игрите на среќа во автомат клуб што се приредуваат преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација можат да учествуваат само учесници кои се регистрирани кај приредувачот на интернет игрите на среќа.

Учесникот регистрацијата ја врши електронски со пополнување на пријава за учество во интернет игрите на среќа на веб апликација (веб страна/веб платформа) или на мобилна

апликација на приредувачот на интернет игри на среќа.

Со самата регистрација, учесникот во интернет игрите на среќа склучува договор за учество во интернет игрите на среќа во автомат-клуб кои ги приредува приредувачот на интернет игри на среќа преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација на приредувачот на интернет игри на среќа.

Договорот се склучува со регистрирањето преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација за учество во игрите на среќа од страна на учесникот, со што учесникот ги прифаќа условите за учество, правилата на игра и другите договорни одредби кои ги пропишал приредувачот на интернет игрите на среќа.

 

 ДЕФИНИЦИИ НА ПОИМИ

Член 3
Средство за електронска комуникација: компјутер (фиксен или преносен), мобилен уред (телефон, таблет и слично) и други уреди кои овозможуваат електронска комуникација помеѓу учесникот и приредувачот на интернет игри на среќа,

Веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација: е системот за интернет игри на среќа на приредувачот, преку кој учесникот го остварува своето учество во интернет игрите на среќа. Учесникот пристапува на платформата со повикување на веб страната www.slclub.com.mk или преку други онлајн или мобилни апликации понудени од приредувачот,

Приредувач: Приредувач на интернет игри на среќа,

Учесник: Физичко лице кое по регистрацијата учествува во интернет игрите на среќа, кое ги прифатило сите правила на приредувачот, ги исполнува законските услови за учество во интернет игри на среќа и за кое пристапот е заштитен со корисничко име и лозинка,

Интернет игри на среќа во автомат клуб: Се игри на среќа кои се играат преку платформа за интернет игри на среќа, каде што резултатот од игрите (одуката за добивка или загуба) се генерира со помош на електронски или механички генератор на случајноста (генераторот на случајни броеви) на компјутерскиот сервер на приредувачот на интернет игра на среќа. Интернет игрите на среќа се приредуваат за забава и можност учесниците да остварат добивка. Интернет игрите на среќа содржат еден или повеќе графички интерфејси и/или нивоа со резултати од играњето добиени со помош на генератор на случајни броеви и се состојат од но не се ограничени на шеми од броеви и/или симболи кои ги дефинираат добитните односно недобитните комбинации.

Линија или Линии: се можните добитни комбинации на низи на броеви и/или симболи кои се предвидени во логиката на поединечната игра. Линиите и другите добитни комбинации и висината на можните добивки се опишани и достапни во упатствата за секоја поединечна игра на платформата за интернет игри на среќа,

Вртење или Спин: е поединечен облог во текот на играта на избраниот број “Линии” или друг избор на броеви, бои или симболи предвиден во играта,

Џек-пот (Jackpot): се дополнителни добивки кои играчот може да ги оствари независно од тоа дали во спинот е остварена добитна или недобитна комбинација. Износот на овие добивки расте прогресивно преку додавање на одреден процент од влоговите во една игра и /или група игри. Интернет игрите на среќа може истовремено да имаат повеќе независни Џек-пот фонд за добивки,

Бесплатно вртење (Free spin): е спин во играта во кој учесникот може да оствари добивка без да вложува сопствени средства/поени за играње, 

Евиденциска сметка: е единствена евиденциска сметка на регистриран учесник  доделена од страна на приредувачот во централниот систем на приредувачот. Во рамки на евиденциската сметка се евидентираат сите финансиски трансакции, трансакциите на игри како и сите податоци и параметри кои учесникот ги доставил при регистрација или покасно ги изменил,

Сесија: Период на активности и комуникација помеѓу регистрираниот учесник и платформата за играње, односно збир на вртења (спинови) кои се во текот на играта во временски интервал помеѓу пријавување на играчот во игрите и негова одјава.

Софтвер: Збир на инструкции, програми и процедури кои се упатуваат на процесорот врз основа на кој се извршуваат специфични операции,

Корисничко име: е име на Учесникот кое претставува единствена комбинација на знаци под која учесникот се евидентира во системот и заедно со лозинката се користи за пристап во системот за игра,

Лозинка:  Комбинација од броеви и букви позната само на учесникот и претставува потврда на идентитетот на учесникот при пристапување и користење на системот на приредувачот, кои учесникот ги избрал во постапката за регистрација.

 

 ОПШТИ ПРАВИЛА

 

Регистрација на учесникот

Член 4
За регистрација и играње на интернет игрите на среќа, учесникот мора да се регистрира, мора да е полнолетен, да има ЕМБГ и важечка e-mail адреса.

Приредувачот има право во секој момент да бара доказ за возраста на учесникот, како и да ги провери добиените податоци во било кое време. Регистрацијата може да биде блокирана во случај податоците да не се доставени до приредувачот навремено или податоците се невистинити.

 

Процес на регистрација на учесникот

Член 5
Во интернет игрите на среќа може да учествува единствено и исклучиво лице со навршени 18 години и е регистрирано кај приредувачот. За регистрација, учесникот во интернет игрите на среќа задолжително ги доставува следните податоци:

-име и презиме,

-адреса,

-ден, месец и година на раѓање,

-e-mail адреса,

-ЕМБГ,

-лозинка и

-податоци за трансакциската сметка каде што ќе се исплатува добивката односно каде што ќе се пренесуваат средствата од евиденциската сметка.

Регистрацијата на учесникот е процес на преземање и чување на податоците врз основа на склучениот договор со интернет страната на приредувачот. Во текот на постапката за регистрацијата учесникот е должен точно да го пополни образецот за регистрација со податоците кои ги бара приредувачот.

По потврдување на пополнетите податоци на учесникот му се испраќа верификациски e-mail  со активациски линк и со кликнување на истиот учесникот успешно ја потврдува својата e-mail адреса и го довршува процесот на регистрација.

Ако приредувачот на интернет игрите на среќа утврди дека регистрираниот учесник во игрите на среќа доставил лажни податоци и покрај тоа што веќе е регистриран, приредувачот веднаш ќе го исклучи учесникот и ќе ја поништи регистрацијата, а воедно и отстрани сите информации од сите системи за корисникот на кој е поништена регистрацијата и за тоа ќе го извести учесникот веднаш.

Едно лице може да поседува само еден кориснички профил, односно со еден ЕМБГ и една

иста e-mail адреса учесникот не може да креира повеќе кориснички профили.

На малолетни лица им се забранува учество во интернет игрите на среќа и само физички лица постари од 18 години можат да извршат регистрација за учество во интернет игрите на среќа.

Учесникот може во секое време да достави Изјава со која може да ја поништи регистрацијата кај приредувачот.

 Член 6
Приредувачот на интернет игрите на среќа ќе му ги стави на располагање на учесникот во игрите на среќа сите правила кои се однесуваат на интернет игрите на среќа како и информации за трошоците за учество на учесникот во игрите на среќа кои приредувачот може да ги наплати.

Член 7
Со регистрација на учесникот се смета дека учесникот ги прифатил овие правила како и Правилата за игри на среќа во автомат клуб, донесени од приредувачот на 12.03.2019 година, а кои се одобрени од Министерството за финансии, во целост и безусловно ги прифатил сите услови за учество во интернет игрите на среќа, мерките за заштита на лични податоци кои ги применува приредувачот, правото на приредувачот да поништи одредени трансакции или да ја поништи евиденциската сметка на учесникот во случај кога ќе утврди дека учесникот ги крши правилата на приредувачот, право на приредувачот да спречи секоја измама, злоупотреба, перење на пари или други слични забранети дејствија, да ги обработува и регистрира во базата на податоци сите информации во врска со начинот на игра, личните податоци и средствата на евиденциската сметка.

Управување со евиденциска сметка, пристап и користење на евиденциска сметка

Член 8
Учесникот пристапува на евиденциската сметка со внесување на име и презиме и лозинката која му е позната само на него. Учесникот е должен да ги чува своите кориснички податоци и сам сноси одговорност за материјалните и нематеријалните последици за користење на евиденциската сметка како и злоупотреба од страна на неовластени лица. Учесникот  прифаќа и гарантира дека ќе ја користи платформата за интернет игри на среќа на приредувачот согласно позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, како и дека нема да уплаќа средства стекнати со незаконски активности односно нема да врши трансакции за кои не е овластен.

Учесникот е должен да го извести приредувачот на официјалната контакт e-mail адреса за било каква неавторизирана употреба на лозинката или во било кој друг случај на нарушување на безбедноста.

Приредувачот го задржува правото да ги поништи сите трансакции од евиденциската сметка доколку утврди дека учесникот располага со истата на недозволен и незаконски начин, како и да ги задржи сите средства кои се уплатени од учесникот на име надомест на штета.

По регистрацијата на учесникот, приредувачот автоматски и без надомест отвара евиденциска сметка преку која се одвиваат сите финансиски трансакции.

 

Член 9
Приредувачот на интернет игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа отвара и води само една евиденциска сметка на регистриран учесник во игрите на среќа.

Приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа ги евидентира на евиденциската сметка отворена за регистриран учесник во игрите на среќа:

-средствата кои регистрираниот учесник во игрите на среќа ги уплатил на својата

евиденциска сметка и

-секоја остварена добивка од одделна интернет игра на среќа намалена за износот на данокот на доход.

Приредувачот задржува данок на доход на секоја остварена поединечна Џек Пот добивка. Добивките од поединечен влог/спин кои се остварени во текот на една иста сесија – т.е. во текот на играта, не се оданочуваат со данок на доход (член 66 став 3 од Законот за личен доход, “под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта”).

Средствата за учество во интернет игрите на среќа кон приредувачот на интернет игри на среќа и исплатите кон сите регистрирани учесници се вршат со пренос на средствата преку банка со седиште во Република Северна Македонија.

 

Состојба на евиденциска сметка

Член 10
На учесникот во интернет игрите на среќа му е достапен преглед на сите трансакции на евиденциската сметка: уплата/исплата на средства, временски означени, начин и износ на трансакции. Учесникот преку евиденциската сметка ги упатува барањата за уплата и исплата на паричните средства.

Учесникот е должен да ја проверува состојбата на евиденциската сметка при секое пристапување на веб апликацијата на приредувачот. Во случај на неусогласеност на состојбата, учесникот е должен веднаш и без одлагање да го извести приредувачот за усогласување на состојбата и преземање на евентуално дополнителни заштитни мерки.

  

Уплата на евиденциска сметка

Член 11
Евиденциската сметка на учесникот се користи исклучиво за учество во интернет игрите на среќа кај приредувачот.

Уплатите за учество во интернет игрите на среќа преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација кај приредувачот на интернет игри на среќа од страна на физичко лице резидент или нерезидент на Република Северна Македонија се вршат во денари.

Со уплатените средства учесникот може да располага по евидентирање на евиденциската сметка. При уплата на средствата на евиденциската сметка приредувачот не наплаќа надомест.

Минималната сума за уплата на средства на евиденциска сметка изнесува 300 денари.

Максимална сума за уплата на средства на евиденциска сметка изнесува 300.000 денари.

Уплатените средства на евиденциската сметка не претставуваат промет согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Прометот од игри на среќа настанува со уплата (пренос) на влогот од евиденциската сметка на регистрираниот учесник за учество во интернет игрите на среќа преку веб апликација (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација на приредувачот на интернет игри на среќа.

За износот на влогот (вртење/спин) на секоја интернет игра на среќа се намалуваат средствата од евиденциската сметка на регистрираниот учесник за учество во интернет игрите на среќа.

При уплата на влогот, учесникот ќе добие повратна порака од приредувачот со која се потврдува учеството во интернет игрите на среќа.

Остварената добивка од секоја поединечна сесија намалена за износот на данокот на доход се евидентира на евиденциската сметка на учесникот во игрите на среќа.

Остварената добивка од секој поединечен Џек Пот намалена за износот на данокот на доход се евидентира на евиденциската сметка на учесникот во игрите на среќа.

Приредувачот на интернет игрите на среќа нема да вклучи учесник во интернет игрите на среќа доколку:

-учесникот не е регистриран согласно правилата за регистрација на учесниците во игрите на среќа,

-нема доволно средства на сметката на регистриран учесник (евиденциската сметка) во игрите на среќа за покривање на висината на влогот или

-дознае дека средствата потребни за покривање на влогот не се обезбедени на законит начин.

Уплатата на средства од страна на регистрираниот учесник во игрите на среќа спрема

 приредувачот на интернет игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа може

да се врши само на еден од следните начини:

-платежна картичка (кредитна или дебитна) и/или

-електронски трансфер (електронско банкарство) и/или со уплата на шалтер кај носител на платен промет.

Приредувачот на интернет игрите на среќа не смее да му одобрува кредит на учесникот во игрите на среќа или на сметката на учесникот во игрите на среќа , или пак да дејствува како посредник за лице кое обезбедува кредит да го олесни обезбедувањето на кредитот за учесникот во игрите на среќа или за сметката на учесникот во интернет игрите на среќа.

Учесникот кој ја поништил регистрацијата, може да побара средствата од евиденциската сметка кај приредувачот да му се исплатат на трансакциска сметка  согласно правилата за исплата опишани во член 12 на овие правила.

 

Исплата од евиденциска сметка

Член 12
Од евиденциската сметка на учесникот можат да му се исплаќаат само средства расположливи за исплата.

Приредувачот на интернет игрите на среќа е должен на барање на регистриран учесник во игрите на среќа на чие име е формирана евиденциската сметка кај приредувачот на интернет игрите на среќа, да ги уплати расположливите средства на учесникот во игрите на среќа, со пренос на средствата преку банка на неговата трансакциска сметка, односно на кредитната или дебитна картичка најдоцна до 5 (пет) работни дена од денот на приемот на барањето на учесникот, а реализацијата на трансакцијата зависи исклучиво од банката.

Исплатата на средства од евиденциската сметка на регистрираниот учесник не претставува исплата согласно со Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Доколку учесникот сака средствата од евиденциската сметка да му бидат префрлени на трансакциската сметка, должен е пред поднесување на барањето за префрлување во полето за регистрација на својот кориснички налог да го потврди точниот број на трансакциската сметка на која сака да му се изврши префрлување на исплатата. Учесникот е должен во полето за регистрација да го внесе исклучиво бројот на својата трансакциска сметка. Забрането е внесување на туѓи броеви на трансакциска сметка. Учесникот е должен на барање на приредувачот да достави доказ за сопственост на трансакциската сметка, а приредувачот е овластен и на друг начин да изврши проверка на трансакциската сметка и идентитетот на учесникот преку единствен овластен регистар на трансакциски сметки во РСМ.

Доколку учесникот не ги исполнува обврските по став 4 од овој член, приредувачот има право да го одбие барањето за префрлување на средства.

Приредувачот не сноси никаква одговорност во случај на погрешно внесена трансакциска сметка од страна на учесникот или во случај на грешка на банката преку која се врши преносот на средствата.

Од моментот на поднесување на барањето за исплата на средства учесникот не може да располага со истите на неговата евиденциска сметка. 

Приредувачот го задржува правото за исправка на финансиската трансакција на исплатената добивка на евиденциската сметка на учесникот доколку при исплатата е настаната техничка грешка или е погрешно евидентиран резултатот и при тоа може да изврши поврат на погрешно евидентираните средства.

Исплата на средства од евиденциска сметка на учесникот може да се врши само еднаш во тек на еден ден.

Минималната сума за исплата на средства од евиденциската сметка на учесникот изнесува 300 денари.

Максималната сума за исплата на средства од евиденциската сметка на учесникот изнесува 300.000 денари.

Во случај на повлекување на целокупниот или делумниот износ веднаш по уплатата на евиденциската сметка, или пак доколку учесникот не уплатил ниту еден тикет помеѓу уплатата и барањето за префрлање на исплатата, приредувачот го задржува правото да наплати административни трошоци во висина од 10% од износот на уплатата.

 

Промена и располагање со евиденциската сметка

Член 13
Приредувачот на интернет игрите на среќа е должен во секое време на учесникот да му овозможи промена на дел од личните податоци (контакт телефон, трансакциска сметка или лозинка), ограничувања и самоисклучување.

Приредувачот при промена на личните податоци ќе му прати на учесникот e-mail со известување за евидентираните промени и линк за активација на промените.

Учесникот е одговорен за сите трансакции остварени преку неговата евиденциска сметка и секое лице кое ќе се претстави и пријави на веб апликацијата со точни податоци и лозинка ќе се смета за веродостојно, а сите финансиски трансакции ќе бидат валидни и нема да бидат поништени.

Во случај на промена на личните податоци учесникот е должен без одлагање да го извести приредувачот. Во спротивно одговара за сите пропусти или настаната штета поради неинформираност на приредувачот.

Во случај учесникот да ја заборавил лозинката и побара промена на истата приредувачот ќе му прати линк за внесување на нова лозинка.

Приредувачот го задржува правото од учесникот да побара да ја промени лозинката доколку смета дека истата не е доволно безбедна.

Приредувачот не прифаќа никаква одговорност за било каква загуба или штета која ќе ја претрпи учесникот како резултат на неавторизирана/неовластена употреба на неговите податоци од страна на трето лице па и без знаење на учесникот.

 

Лично ограничување - самоисклучување

Член 14
Приредувачот на учесникот ќе му овозможи да стави лични ограничувања на игра, поточно лимит при уплата на дневно, неделно или месечно ниво. Лимитот на уплата претставува најголем вкупен износ на сите уплати на учесникот во избраниот временски период.

Учесникот во интернет игрите на среќа може да се самоисклучи времено или трајно. Самоисклучувањето на учесникот настапува кога ќе пополни и достави барање до приредувачот. За времетраење на самоисклучувањето на учесникот нема да му биде дозволена уплата на интернет игри и средствата од евиденциска сметка ќе му бидат исплатени на трансакциската сметка.

 

 Историја на трансакции

Член 15
Приредувачот му овозможува  на учесникот увид во неговата евиденциска сметка, преглед на историјата на трансакциите, уплатата и исплатата, како и филтрирање на податоците од историјата.

 

Одговорна игра

Член 16
Приредувачот се обврзува во согласност на позитивните законските прописи и сопствените начела на одговорен приредувач до спроведува мерки и стандарди за заштита на учесниците во интернет игрите на среќа. Само на полнолетни лица им е дозволено да учествуваат во интернет игрите на среќа.

На учесниците им е на располагање форма на самоисклучување во избран временски период  или трајно. На интернет страната на приредувачот во било кое време е достапен текст за одговорна игра. Во овој дел учесникот може да ги види сите механизми кои се применети на сајтот, совети за борба со патолошко и претерано играње на интернет игри на среќа а со цел за намалување на ризикот од зависност, процедури за регистрација и ставање на листа на лица на кои им е забрането играње на онлајн платформи, како и листа на организации кои се специјализирани за борба против зависности.

 

Ограничување и поништување на евиденциска сметка на учесникот

 Член 17
Приредувачот го задржува правото на учесникот во интернет игрите на среќа привремено или трајно, без претходна најава да му го ограничи правото за располагање со евиденциската сметка, да му ја ускрати евентуалната добивка и сите негови игри да ги прогласи за неважечки во случај на манипулација или измама како и во случај на повреда на одредбите на правилата за игри на среќа, како и повреда на позитивни законски прописи, ако учесникот учествува во интернет игрите на среќа наместо друго лице, уплатува средства стекнати од криминални или нелегални активности, побара исплата на средствата на трансакциски сметки за кои нема овластување да ги користи или доколку се утврди дека учесникот има отворено повеќе евиденциски сметки спротивно на овие Правила.

Учесникот по e-mail ќе биде известен за привременото или трајното затворање на евиденциската сметка.

Приредувачот на интернет игрите на среќа го задржува правото да ги извести надлежните органи за било кои активности на учесникот кои се или се сомнева дека се спротивни на закон.

 

Затворање на евиденциска сметка

 Член 18
Со затворање на евиденциската сметка учесникот се исклучува од системот на приредувачот.

Барањето за затворање на евиденциската сметка се поднесува во форма дефинирана на веб апликацијата на приредувачот. Евиденциската сметка може да се затвори по истекот на рокот за исплата на добивките. Во постапката на затворање на евиденциската сметка на учесникот му се исплаќаат средствата за исплата и уплатените средства во согласност со овие правила. Еднаш затворена евиденциска сметка може да се отвори повторно исклучиво на барање на учесникот и согласно овие правила. Приредувачот го задржува правото да ја затвори евиденциската сметка на учесникот доколку истиот не ги исполнува условите пропишани во овие правила и позитивните законски прописи.

Прифаќање и објавување на правилата

Член 19
Учесникот ги прифаќа овие Правила на интернет страницата на приредувачот во текот на постапката на регистрација. Прифаќањето на овие правила од страна на учесникот е запишано во корисничките податоци на регистрацијата.

Со прифаќање на овие Правила учесникот дава согласност за собирање на личните податоци и нивна обработка за учество во интернет игрите на среќа.

Доколку учесникот не ги прифаќа овие Правила истиот ја откажува регистрацијата во системот на приредувачот. Учесникот со прифаќање на овие Правила дава согласност и на сите идни измени, дополнувања и промена на овие Правила. Приредувачот се обврзува на својот сајт да ја објави важечката верзија на Правилата.

 

 ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Лични податоци 

Член 20
Приредувачот се обврзува да ги собира, обработува и чува личните податоци на учесниците и нивните евиденциски сметки исклучиво за учество во интернет игрите на среќа кои ги приредува ДПУ СПОРТ-ЛАИФ ГЕЈМИНГ ДОО Скопје. Приредувачот ќе ги чува овие податоци како деловна тајна и ќе постапува со нив согласно позитивните законски прописи особено согласно Законот за заштита на лични податоци.

Приредувачот ќе преземе мерки за заштита на личните податоци од злоупотреба, уништување, губење, неовластена измена или употреба. На барање на приредувачот на интернет игрите на среќа  а со цел за проверка на идентитетот учесникот е должен да достави документ за лична идентификација.

Приредувачот го задржува правото да ги открие личните податоци на учесникот на интернет игрите на среќа и податоците од евиденциската сметка по барање на надлежен државен орган, во судска постапка и во истражна постапка.

Приредувачот користи мерки на безбедност за заштита на личните податоци кои ги дава учесникот од неавторизиран пристап или употреба, но и покрај тоа учесникот прифаќа дека трансакциите по пат на Интернет не се никогаш потполно доверливи или сигурни.

 

Лозинка

Член 21
Учесникот се обврзува да ја чува тајноста на својата лозинка бидејќи истата му е позната исклучиво само нему, непозната и недостапна е за приредувачот и учесникот сам го сноси ризикот од нејзина евентуална злоупотреба.

  

УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ

Општи одредби

Член 22
Учеството во интернет игрите на среќа се одвива исклучиво преку веб апликацијата на приредувачот преку употреба на името на учесникот и лозинката.

Учесникот на веб апликацијата може да пристапи преку својата компјутерска опрема, особено од фиксен или преносен компјутер, мобилен телефон или било кој друг уред со интернет приклучок. За да се поврзе на веб апликацијата учесникот разбира и прифаќа дека мора да има соодветна хардверска и софтверска опрема, како и интернет приклучок кои се компатибилни со условите кои ги нуди веб апликацијата.

 

Член 23
Приредувачот не е одговорен за човечки грешки, софтверски или очигледни грешки во однос на некој производ или информација на веб или мобилна апликација на Приредувачот и го задржува дискреционото право да го поништи секој облог направен или прифатен во околности на вакви грешки.

Член 24
Приредувачот за секоја поединечна игра утврдува минимален и максимален поединечен влог по Спин.

Приредувачот го задржува правото за промена на минималниот и максималниот поединечен влог по Спин.

Приредувачот е должен да ги извести учесниците во интернет игрите на среќа за актуелните минимални и максимални влогови по спин и/или почетната состојба на евиденциската сметка за учество во играта преку веб платформата.

Паричниот депозит на евиденциската сметка и влог во играта може да биде претставен во вид на поени за игра. Соодносот помеѓу паричната единица на евиденциската сметка и бројот на доделени поени во играта приредувачот го утврдува за секоја поединечна игра одделно.

Учесникот за секој спин го избира износот на влог од достапните средства на евиденциската сметка или поени во играта, според достапните износи на влогови во играта, како и линиите или комбинациите на бои и/или симболи на кој се става облог за тој спин од предвидените упатства на играта. Во случај на “Free spin” учесникот ги избира само линиите или комбинациите на броеви, бои и/или симболи на кој става облог за тој спин.

Во текот на играта, учесникот со секој спин има можност да оствари Џек-пот добивка од овозможените Џек- Пот награди за дадената игра.

Приредувачот на учесникот во интернет игрите на среќа преку својата платформа ќе му обезбеди увид во сите облози направени од учесникот како и во остварените добивки.

 

Член 25
Резултатот од секој поединечен спин на било која интернет игра на среќа мора да биде веднаш јасно означен на екранот на учесникот заедно со висината на евентуалната добивка.

Добитната комбинација е онаа комбинација на броеви и/или симболи која е остварена во спинот на играта и е предвидена како добитна во “Линиите” или другите комбинации означени од учесникот предвидени во упатството на играта.

Добивката од спин во текот на играта во една сесија, по завршувањето на секој спин се додава на износот на расположливите средства за игра на истата сесија и може веднаш да се употреби за следните спинови на игра.

Приредувачот на евиденциската сметка на учесникот ќе го одобри износот на добивката намален за сите законски пропишани даноци и давачки.

 
Член 26
Доколку се случи прекин на комуникацијата во текот на спинот, софтверот автоматски ќе ја доврши играта во име на учесникот. Учесникот може да го провери резултатот од спинот од логовите на играта кога повторно ќе се најави на платформата.

Доколку се случи прекин во играта на среќа, приредувачот ќе му овозможи на учесникот да ја продолжи и заврши играта која што е прекината веднаш по отстранувањето на причините поради кои настанал прекинот.

 

Организирано играње на интернет игри на среќа 

Член 27
Приредувачот го задржува правото во било кое време да ги поништи уплатените комбинации доколку заклучи и има докази дека постои договор помеѓу различни учесници во интернет игрите на среќа.

 
Интегритет на настан

Член 28
Приредувачот го задржува правото да ја поништи било која игра/спин и го задржува правото да ја задржи исплатата на добивката доколку интегритетот на типот на игра е загрозен, односно доколку приредувачот оцени и има докази дека било кој делувал на исходот на настанот, кршејќи ги на тој начин одредбите и официјалните правила за одржување на настанот или доколку постојат докази со кои се оспорува регуларноста на интернет играта на среќа. Вложените средства на поединечните облози во тој случај ќе бидат вратени на евиденциските сметки на учесниците.

Вештачка интелигенција

Член 29
На учесникот му е забрането да користи било кој облик на вештачка интелигенција при учеството во интернет игрите на среќа.

 

ОПШТ ОПИС НА ИГРИТЕ

Член 30
Интернет игрите на среќа кои се приредуваат преку веб или мобилна апликација во автомат клуб се обезбедуваат од лиценцирани даватели на интернет игри на среќа наведени во прилог 1. Интернет игрите на среќа се креираат со помош на генератор на случајни броеви/карти/знаци/симболи/линии/фигури/коцки и слично. За некои од игрите на играчот му се понудени опции за одигрување на реални или пробни (демо) игри. Во реалните игри играчот може да оствари добивка додека во пробните (демо) игри играчот не остварува добивка. Со секоја онлајн слот интернет игра има информации кои се однесуваат на описот на самата игра, упатство и начин за играње и останати детали поврзани со играта. Опсегот на влогот за учество во играта го одредува Приредувачот, играчот одбира влог за одредена игра од понудениот опсег. Влогот во поединечна игра може да се оствари според назначените соодноси и деноминации. Играчот стекнува право на добивка кога во играта ќе оствари некоја од комбинациите утврдени според шемата на добитни комбинации. Добивката која што играчот ќе ја оствари во слот играта се додава на неговата евиденциска сметка. Приредувачот го задржува правото да одредува постоење на разни видови Џек Пот добивки.

 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 31
Освен согласно законската регулатива и сите одговорности и права од истата, приредувачот не сноси одговорност за било каква штета или загуби кои можат да настанат како резултат или последица од користење на интернет страната на приредувачот или нејзината содржина, вклучувајќи без ограничување каснење или прекин на работа, прекин на комуникациската мрежа, секоја употреба или злоупотреба на веб апликацијата или неговата содржина од страна на неовластени лица.

Во случај да постојат индиции и докази за било какви измами приредувачот го задржува правото да ги поништи сите или поединечни облози на учесниците кои ги препознава како членови на иста група.

Се што не е регулирано со овие правила, а се однесува на интернет игрите на среќа се применуваат одредбите од Законот за игрите на среќа и забавните игри, подзаконските акти донесени врз основа на погоре наведениот закон и останатите позитивни правни прописи.

Член 32
Со учеството во интернет игрите на среќа и користењето на веб апликацијата на приредувачот учесникот се обврзува да ја користи веб апликацијата и услугите согласно Правилата за интернет игри на среќа во автомат клуб, да не креира и користи лажен идентитет, да не шири лажни информации или незаконски известувања, да не се обидува неавторизирано да пристапи на веб апликацијата, да не ја користи веб апликацијата во незаконски цели, или на начин на кој би можел да го наруши угледот на приредувачот или на трети лица, да не репродуцира содржини или дел од содржини од веб апликацијата на никој без дозвола на приредувачот, да ги почитува сите даночни обврски, да не дозволи на трети лица да ја користат неговата евиденциска сметка, ниту да користи методи на плаќање ниту евиденциска сметка на трето лице дури и со негова согласност, да одговори на секое барање упатено од приредувачот во врска со неговата евиденциска сметка и да достави на приредувачот документи или докази за возраста, трансакциската сметка и друго.

Член 33
Учесникот изјавува дека е свесен дека приредувачот е сопственик на правата од интелектуална сопственост на сите заштитни знаци, име на компанија, симболи, комерцијални имиња, имиња на домени или URL, логови, фотографии, бази на податоци, звук, видео клипови, анимации, слики, текстови и друго или било кои други карактеристики, како и на софтверот и игрите претставени на веб апликацијата.

Член 34
Можно е веб апликацијата да содржи линкови од апликации или интернет страни од трети лица. Таквите апликации се дадени исклучиво да се информираат учесниците. Приредувачот не дава гаранции и не прифаќа одговорност за текстовите, линковите или содржините на апликациите од трети лица.

Учесникот пристапува на такви апликации на сопствена одговорност и прифаќа и разбира дека овие апликации можат да бидат регулирани со други одредби и услови за користење и други одредби за заштита од тие кои важат за оваа апликација.

 Член 35
Доколку учесникот има било какви прашања во врска со овие Правила или во врска со услугите прикажани на сајтот, во секое време може да контактира со приредувачот на телефонскиот број објавен на веб апликацијата или на следната e-mail адреса: support@slclub.com.mk.

Приредувачот на својата интернет страна ќе истакнува известувања за промени на функционирање на евиденциската сметка и апликацијата.

Приредувачот на учесникот ќе му праќа промотивни известувања врз основа на претходна согласност. Ако поради пропуст на учесникот известувањето не може да биде доставено, а истото е објавено на интернет страната на приредувачот ќе се смета дека истото е уредно доставено.

Член 36
Учесникот во интернет игрите на среќа има право во рок од 8 (осум) дена од денот на постигнувањето на резултатот да поднесе електронски или писмен приговор до приредувачот.

Приредувачот има право во рок од 7 (седум) дена од поднесувањето на приговорот да утврди дали приговорот е основан , и во случај на прифаќање на приговорот во рок од 5 (пет) дена да изврши исплата на остварената добивка на учесникот во интернет игрите на среќа.

Член 37
Во случај на било каков спор меѓу учесниците и приредувачот на интернет игрите на среќа кој не може да се реши спогодбено, надлежен е Граѓанскиот суд во Скопје.

Член 38
Приредувачот е должен овие правила да ги истакне на веб апликацијата (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација кај приредувачот на интернет игри на среќа, јавно објавени и достапни на сите учесници во интернет игрите на среќа.

Член 39
Oвие правила стапуваат на сила по добивање на согласност од страна на Министерството за финансии, а се применуваат од денот на нивното објавување на веб апликацијата (веб страна/веб платформа) или мобилна апликација кај приредувачот на интернет игри на среќа.

 
Список на Провајдери на интернет игри на среќа и типови на игри на платформата на www.slclub.com.mk

 Betsoft – Малта (Malta):

  • Slots
  • JackPots Slots
  • 3D Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)
  • Classic Slots

VIVO sub. Betsoft – САД (USA) и Малта (Malta):

  • Slots
  • JackPots Slots
  • 3D Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)
  • Classic Slots

Booongo – Курасао (Curacao) и Украине (Ukraine):

  • Slots
  • Table Games

CT Gaming – Бугарија (Bulgaria):

  • Slots

EvoPlay – Малта (Malta):

  • Slots
  • Table Games
  • Instant Games

Fazi – Србија (Serbia):

  • Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)

RedRake – Шпанија (Spain):

  • Slots
  • Table Games

Spinomenal – Малта (Malta):

  • Slots
  • Table Games

Spinomenal sub. Betixon – Малта (Malta) и Израел (Israel):

  • Slots
  • Table Games

TomHorn Gaming – Малта (Malta):

  • Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)

Netent – Шведска (Sweden) и Малта (Malta):

  • Slots
  • JackPots Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)
  • Classic Slots

Microgaming – Островот Ман (Isle Of Man):

  • Slots
  • JackPots Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)
  • Classic Slots

Pragmatic Play – Гибралтар (Gibraltar) и Малта (Malta):

  • Slots
  • JackPots Slots
  • Classic Slots

EGT – Бугарија (Bulgaria):

  • Slots
  • JackPots Slots
  • Table Games
  • Virtual Poker Games (not Live)

Oryx – Словенија (Slovenia):

  • Slots
  • Table Games
  • Classic Slots
  • Virtual Poker Games (not Live)

Oryx sub. Gamomat – Словенија (Slovenia) и Германија (Germany):

  • Slots
  • Table Games

Oryx sub. AMATIC (N-Serve)– Австрија (Austria) и Малта (Malta):

  • Slots
  • Table Games

Spearhead Studios – Канада (Canada):

  • Slots
  • Table Games

Evolution Gaming – Романија (Romania):

  • JackPots Slots
  • Table Games

 

 ПРАВИЛА ОД КАЗИНО ПРОВАЈДЕРИТЕ

Апсолутно ограничување
NetEnt нема да дозволи NetEnt казино игрите да бидат испорачани на било кој субјект кој работи во било која од следниве јурусдикции (без оглед на тоа дали NetEnt казино игрите се обезбедни од субјектот од таа надлежност) без соодветни лиценци. Белгија, Бугарија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Италија, Летонија, Литванија, Мексико, Португалија, Романија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Обединето Кралство и Соединетите Американски Држави.

Територии на црна листа
Сите NetEnt Казино игри не можат да бидат понудени на следниве територии: Авганистан, Албанија, Алжир, Ангола, Австралија, Бахами, Боцвана, Белгија, Бугарија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Еквадор, Етиопија, Франција, Гана, Гвајана, Хонг Конг, Италија, Иран, Ирак, Израел, Кувајт, Летонија, Литванија, Мексико, Намибија, Никарагва, Северна Кореја, Пакистан, Панама, Филипини, Португалија, Романија, Сингапур, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Судан, Сирија, Тајван, Тринидад и Тобаго, Тунис, Уганда, Обединето Кралство, Соединетите Американски Држави, Јемен и Зимбабве.

 Територии на брендирани игри во црна листа
Следните NetEnt брендирани игри имаат некои дополнителни ограничувања, покрај териториите на црната листа наведени погоре:

3.1 Покрај јурисдикциите утврдени во параграф 2, Planet of the Apes Видео слотот не смее да се нуди на следниве територии: Азербејџан, Кина, Индија, Малезија, Катар, Русија, Тајланд, Турција и Украина.

3.2 Покрај јурисдикциите утврдени во параграф 2, Vikings Видео слотот не смее да се нуди на следниве територии: Азербејџан, Камбоџа, Канада, Кина, Франција, Индија, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Папуа Нова Гвинеја, Катар, Русија, Јужна Кореја, Тајланд, Турција, Украина и Соединетите Американски Држави.

3.3 Покрај јурисдикциите утврдени во параграф 2, Narcos Видео слотот не смее да се нуди на следниве територии: Индонезија и Јужна Кореја.

3.4 Покрај јурисдикциите утврдени во параграф 2, Street Fighter Видео слотот не смее да се нуди на следниве територии: Ангила, Антигва и Барбуда, Аргентина, Аруба, Барбадос, Бахама, Белизе, Бермуда, Боливија, Бонаре, Бразил, Британски Девствени Острови, Канада, Кајмански Острови, Кина, Чиле, Островот Клипертон, Колумбија, Костарика, Куба, Курасао, Доминика , Доминиканска Република, Ел Салвадор, Гренланд, Гренада, Гвадалупе, Гватемала, Гвајана, Хаити, Хондурас, Јамајка, Јапонија, Мартиник, Мексико, Монтсерат, Наваса, Парагвај, Перу, Порторико, Саба, Свети Вартоломеј, Свети Евстахиј, Свети Кристофер и Невис, Свети Луција, Свети Мартин, Свети Мартин, Свети Пјер и Микелон, Свети Винцент и Гренадини, Јужна Кореја, Суринам, Туркс и Кајкос, Соединетите Американски Држави, Уругвај, Американски Девствени Острови, Венецуела.

3.5 Покрај јурисдикциите утврдени во параграф 2, Fashion TV Видео слотот не смее да се нуди на следниве територии: Куба, Јордан, Турција и Саудијска Арабија.

4. Universal  Monsters  (Dracula, Creature  from  the  Black  Lagoon,  Phantoms  Curseand  The Invisible Man) може да се играат на следниве територии: Андора, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако, Црна Гора, Норвешка, Русија, Сан Марино, Србија, Украина, Северна Македонија, Турција, Австрија, Кипар, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Словачка и Словенија.


English version: CLICK HERE